Европскиот Парламент ја критикува Русија

Европскиот парламент ја критикува Русија поради неуспехот во потрагата по убијците на активистите за човекови права.Од поткомитетот за човекови права на Европскиот Парламент соопштија дека „неказнувањето на извршителите“ е постојана тема на разговори со руските власти. Во соопштението е наведено дека постои опаснот по живот за активистите за човекови права во Русија и покрај ветувањата на рускиот претседател Дмитри Медведев дека ќе ја реши ситуацијата.Се уште никој не е обвинет за минатогодишните убиства на Наталија Естемирова и Станислав Маркелов.