Папакостантину: Грција сака „европско решение“

Грчкиот министер за финасии Јоргос Папакостантину изјави денеска во Атина дека Грција очекува од престојниот европски самит да се донесат мерки за олеснување на надворешнo кредитирање на земјата. Тој додаде дека треба да биде создаден политички махнизам за гaрантирање на стабилноста на еврозоната и за подршка на напорите преземени од секоја земја. Папакостантину истакна дека Грција сака „европско решение“ и како што вели, не оди на средбата за да моли.