Србија бара екстрадиција на поп уапсен во Грција

Србија побара екстрадиција на српскиот поп, Симеон Виловски кој е уапсен во Грција по српска потерница за проневера на пари.
Виловски е обвинет дека проневерил пари кои биле наменети за обнова на црквите во Косово. Попот Виловски бил соработник на косовскиот валдика Артемие кого Српската Православна Црква го смени од неговата функција поради истите обвинувања за малверзации.