Нетанјаху на средба со Обама

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху пред неговата денешна средба во Вашингтон со американскиот претседател Барак Обама изјави дека Израел има право да гради нови еврејски населби во источен Еруаслим. Во говорот пред произраелската лоби група во Вашингтон тој изјави дека Ерусалим не е населбa, туку главен град на Израел. На истиот собир американскиот државен секретар Хилари Клинтон изјави дека израелската политика на изградба на еврејски населби во источен Еруаслим и на Западниот Брег претставува пречка за блискоисточниот мировен процес.