Шефот на пакистанската армија во Вашингтон

Шефот на пакистанската армија Ашфак Кајани кој престојува во Вашингтон синоќа имал средба со американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс. Во соопштението на Пентагон се наведува дека разговорите биле фокусирани врз билатералните одбранбени прашања како дел од серијата состаноци за американско пакистанскиот стартегиски дијалог што оваа недела се одвива во Вашингтон.