Нетанјаху не се откажува од градење во Источен Ерусалим

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека Израел има право да гради во Ерусалим и оти градот „не е населба“, туку главен град на Израел.
Нетанјаху рече дека еврејските населби од Ерусалим ќе останат дел од Израел при каков било можен мировен договор со Палестинците.
„Евреите граделе во Ерусалим пред 3000 години, градат и сега“, рече Нетанјаху.
Американските власти оценија дека проширувањето на еврејските населби во Источен Ерусалим го попречува мировниот просец на Блискиот Исток.