Израелски војник загина од „пријателски оган“

Израелската армија соопштува дека еден израелски војник загинал од „пријателски оган“ во инцидент на границата со Појасот Газа. Армијата објаснува дека две израелски единици барале Палестинци осомничени дека се инфилтрираат од Газа во Израел, при што по грешка отвориле оган едни на други.