САД - Умерени подржувачи на авганистанското помирување

Американските власти ги поздравија преговорите меѓу авганистанскиот претседател Хамид Карзаи и членовите на втората по големина милитантна организација во земјата, но притоа САД повикаа на внимателност.
Американските власти соопштија дека го подржуваат помирувањето, но нагласија дека милитантите мора да престанат да ги подржуваат бунтовничките групи, да ги почитуваат авганистанските закони, да се откажат од насилството и да ги прекинат сите врски со Ал Каеда и со другите терористички организации.