Клинтон: Израелската населба е пречка за мировниот процес

Америкaнскиот државен секретар Хилари Клинтон изјави денска дека Израел треба да донесе тешка но неопходна одлука за мир на Блискиот Исток. Клинтон во говорот пред америсканско - израелскиот комитет за јавни работи истакна дека израелската политика за проширување на еврејски населби во окупирани териории е пречка за прогрес на мировниот процес. Таа истакна дека Соединетите Држави цврсто се заложуваат за мир и безбедност во Израел.