Бугарија ќе воведе нов данок за луксуз

Бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска изјави дека Бугарија ќе воведе нов данок за луксузните производи , со кој ќе бидат опфатени сопствениците на јахти, авиони и луксузни возила и граѓаните кои имаат банкарски заштеди поголеми од 50 илајди евра. Борисов додаде дека новиот данок е дел од антикризните мерки .Ваквата одлука следи по протестите на државните службеници во Бугарија против владината одлука да им се намали платата.