Верски лидери ќе разговараат за ХИВ вирусот во Холандија

Верските лидери и претставници на Обединетите Нации денеска се почнуваат дводневна конференција во Холандија на која ќе разговараат за сидата. Неколку десетици будистички, христијански, хинду, еврејски и муслимански лидери ќе учествуваат во овој собир во градот Ден Долбер.Учесниците ќе зборуваат за стигмата и дискриминацијата на луѓето кои се заразени со ХИВ вирусот како и за тоа што треба тие како верски лидери да направат за да им помогнат на тие луѓе.Во светот над 30 милиони луѓе се заразени со овој вирус. Според последните податоци 90 проценти од нив живеат во земји кои се во развој.