Српските пратеници ќе гласаат за Резолуцијата за злосторствата во Сребреница

Претседателката на српскиот парламент Славица Ѓукиќ Дејановиќ денеска изјави дека декларацијата за злосторство во Сребреница треба да биде на дневен ред на Собранието до крајот на месецов или на почетокот од април. Таа вели дека очекува резолуцијата да ја подржат сите што го осудуваат секое злосторство, па и тоа во Сребреница, но додаде дека би било оптимистички да се очекува резолуцијата да биде едногласно прифатена.