Израел го одби барањето на САД

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го одби американското барање еврејската држава да се задржи на еврејските населби околу Ерусалим. Израелскиот лидер со ваквата изјава излезе пред своето заминување за САД, каде што ќе му се обрати на израелското лоби и ќе се сретне со американскиот претседател Барак Обама. Вчера генералниот секретар на ООН Бан Ки Мун го повика Израел да ја прекине блокадата на Газа.