Мичел пристигна во Израел

Американскиот претставник за Блискиот Исток, Џорџ Мичел пристигна денеска во Израел, соопштуваат израелските власти. Во соопштението е наведено дека Мичел треба да се сретне со премиерот Бенјамин Нетанјаху и со израелски претставници со кои ќе разговара за мировниот процес на Блискиот Исток. Палестински извори информираат дека во понеделник тој во Јордан треба да се сретне со палестинскиот претседател, Махмуд Абас.