Вулканска ерупција на Исланд

Вулкан еруптираше во јужниот дел Исланд. Властите евакуираа стотици луѓе што живеат во околината на вулканот кој се наоѓа на 160 километри од главниот град.
Вулканот е прекриен со мраз и властите стравуваат дека може да се создадат поплави од топењето на мразот. Последната ерупција на овој вулкан била пред речиси двесте години.