Бан Ки Мун: Ерусалим престолнина и за Израелците и за Палестинците

Генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки Мун изјави денеска дека израелско- палестинските преговори мора да стартуваат. Тој по средбата со палестинскиот премиер, Салам Фајад во Рамалах истакна дека мора да се најде начин двете страни да се договорат околу Светиот град Ерусалим, односно да се прогласи за главен град и на двете земји со дозволен пристап до светите места за сите. Бан Ки Мун побара од Изреал да ја запре изградбата на доселеничката еврејска населба во Источен Ерусалим.