Демонстрантите во Русија бараат политичка слобода

Околу илјада демонстранти во Санкт Петерсбург денеска бараа од владиниот тим на рускиот премиер Владимир Путин да ја напушти Владата. Над 1500 антивладините демонстранти протестираат и во Владивосток. Опозицијата најави дека слични протести ќе се одржат во Москва и уште неколку други руски градови.Демонстрантите протестираат против владината економска политика и бараат поголема политичка слобода во земјата.