Холандија ја отфрли врската меѓу хомосексуалците и масакрот во Сребреница

Официјални холандски претставници ги отфрлија наводите на поранешниот американски генерал Џон Шиен дека холандските војници не успеале да го спречат масакрот во Сребреница во 1995 година делумно и поради тоа што меѓу нив имало и хомосексуалци. Тој ова го изјави на сослушувањето во Сенатот како аргумент против предлогот на хомосексуалците да им се дозволи отворено да служат во американската армија. Околу 8 илјади босански муслимани беа убиени во Сребреница која тогаш како безбедносна зона беше под заштита на Обединетите нации.