Советот на Европа поактивен на Косово

Советот на Европа треба да ги интензивира ангажманите на Косово, изјави Бјорн фон Сидов, известувач на Комитетот за политички прашања на Парламентарното собрание на Советот на Европа. Тој наведе дека ПССЕ треба да има поактивна улога во демократијата, почитувањето на правото и човековите права, бидејки тоа влијае врз квалитетот на живот, владеењето и перспективите за економски развој, изјави Сидов.