Конечно седница на Комитетот за односи меѓу заедниците?

За денеска е закажана седница на собранискиот Комитет за односи меѓу заедниците. На седницата членовите на Комитетот треба да расправаат за извештајот на Народниот правобранител за соодветна и правична застапеност и недискриминација. Поканети се да присуствуваат и претставници од канцелариите на ОБСЕ и на ЕУ. Комитетот четири пати едноподруго не можеше да одржи седница поради немање кворум и тоа за прашања што предизвикаа меѓуетнички бранувања.