Путин: иранската нуклеарка активна за неколку месеци

Рускиот премиер Владимир Путин најави дека нуклеарната електрана која Иран ја гради со помош на Русија ќе почне со работа ова лето. Путин ова го кажа во градот Волгодонски на југот на земјата на состанокот со претставници од енергетската сфера, но не изнесе повеќе детали.