Прогноза за времето- сончево и тивко

Времето денеска ќе биде сончево и тивко, локално ќе дува слаб јужен ветер. Кон крајот на денот ќе има извесно зголемување на облачноста, особено во западните делови. Утринската температура се движи од минус пет до еден, а дневната ќе биде од 13 до 18 степени. Во Скопје и околината времето ќе биде стабилно и тивко. Утринската температура се спушти до минус три, а дневната ќе се искачи до 16 степени.