Груевски отфрла ТВ дуел со Црвенковски

Македонскиот премиерот Никола Груевски изјави денеска дека наскоро очекува нова идеја од медијаторот на Обединетите Нации, Метју Нимиц. Тој најави и нова лидерска средба за уставните измени во делот за судството.Груевски ја одби поканата на лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски за телевизиски дуел, додавајќи дека нема потреба од соочување зашто тој како политичар одговарал пред граѓаните. Опозицијата на тоа одговори, дека одбегнувањето на телевизиски дуел е избегнување на соочување со граѓаните. Секретарот на СДСМ , Андреј Петров го повика Груевски да размисли уште еднаш и да не направи нешто што државата може да ја одведе во несакани последици.