Мичел во недела треба да ги почне индирекните преговори за Блискиот Исток

Израелските и палестинските власти соопштија дека американскиот претставник за блискиот Исток, Џорџ Мичел кој во регионот ќе допатува во недела, треба да ги почне индирекните мировни преговори. Мичел во петок во Москва ќе им се приклучи во разговорите на квартетот земји за блискиот Исток кои се сочинети од Соединетите Американски Држави, Русија, Обединетите Нации и Европската Унија. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ја истакна потребата од изнаоѓање мировно решение во меѓународните законските рамки за Блискиот Исток.