Ракетен напад врз Јужен Израел

По пристигнувањето на еврокомесарот за надворешни работи Кетрин Ештон во областа Газа, испукана е една ракета од Газа кон Јужен Израел. За нападот врз Јужен Израел одговорност ја презема група која себе си се нарекува „ следбеник на Сунитите“, пренесуваат новинските агенции. При нападот загина еден работник.Ова е прв ваков напад по декември 2008-та кога Палестинците со ракети го нападнаа Израел.