Убиен еден од лидерите на Ал Каеда во Пакистан

Во воен напад во северозападниот дел на Пакистан бил убиен еден од клучните лидери на Ал Каеда, соопштуваат извори од Вашингтон. Неименуван службеник од антитерористичката единица на САД изјави дека убиениот е Хусеин Ал Јемени, кој наводно имал клучна улога во бомбардирањето на штаб на ЦИА во Авганистан во декември минатата година.