Средба на Фитцџералд со Груевски

Македонскиот премиер Никола Груевски се сретна со командантот на Здружената команда на НАТО во Неапол, адмиралот Марк Фитџералд. Владата соопшти дека на средбата разговарале за односите меѓу Македонија и НАТО. Во соопштението е наведено дека Груевски истакнал дека полноправното членство во НАТО останува еден од највисоките приоритети на надворешната политика на Македонија.