Фуере:Преговорите во ОН се само за името

Разговорите што се водат во Обединетите Нации се за прашањето за името и сите други дискусии се во втор план. Ова денеска во Скопје го изјави евроамбасадорот Ерван Фуере. Тој додаде дека најдобриот начин да се надмине можеби оваа погрешна перцепција е Македонија и Грција да ги интезивираат разговорите и да се изнајде конечно компромисно решение кое нема да задира во идентитетот.