Американци обвинети за терористички заговор во Пакистан

Пакистанскиот суд обвини петтмина Американци за планирање на терористички напади.Тие се обвинети дека преку интернет соработувале со милитанти и собирале пари за терористички цели. Обвинетите дваесетгодишни момчиња се муслимани кои доаѓаат од американската држава Вирџинија, соопшти судот.