Во Тајланд, продолжуваат антивладините протести

Демонстрантите кои бараат оставка на тајландската влада ги продолжија протестите пред куќата на премиерот Абисит Веџаџива каде што денеска повторно истуриле дел од сопствената крв. Демонстрантите кои вчера собраа околу 300 литри крв бараат распишување вонредни избори и враќање на поранешниот премиер во егзил Таксин Шинаватра. Некои демонстранти денеска се упатиле кон американската амбасада со цел, како што изјавија, да го свртат вниманието на меѓународната заедница за нелегитимноста на владата.