Деветмина убиени во американски напад во Пакистан

Во два ракетни напада во поакистанската провинција Северен Вазиристан, извршени од американски беспилотни летала загинале најмалку девет милитнати, соопштија локалните власти. Соединетите држави редовно изведуваат вакви ракетни напади во делови на Пакистан кои се граничат со Авганистан, а за кои се верува дека се засолниште за талибанците.