Проширување на Енергетската заедница со Молдавија

Министерот за економија Фатмир Бесими денеска во Виена, во функција на актуелен претседавач со Енергетската заедница ќе потпише Протоколот за пристапување на Молдавија во Заедницата со молдавскиот вицепремиер и министерот за економија Валериу Лазар. Со пристапувањето на Молдавија се очекува да зајакне регионалната димензија на Енергетската заедница, во насока на создавање заеднички пазар на енергија во регионот.