Генерал Петраус: Војната во Авганистан ќе стане многу потешка

Шефот на американската централна команда, Генерал Дејвид Петраус изјави денеска дека војната во Авганистан ќе стане многу потешка. Тој додаде дека очекува американските војници да ја вратат власта која беше одземена од талибанските милитанти.Петраус додаде дека 45 илјади американски војници од Ирак до август ќе се вратат дома. Тој истакна и дека напредокот во Ирак се уште е кревок и дека и покрај намаленото насилство и успешните избори, се уште треба да се внимава.