Фридом Хаус ја осуди одлуката на Киргистан да цензурира медиуми

Фридом Хаус соопшти дека се загрижени за слободата на говорот во Киргистан по одлуката на власти да го блокираат емитувањето на информативна програма и интернет пристап до новинските агенции кои се спонзорирани од Соединетите Американски Држави. Локалните медиуми кои ја емитуваат информативната програма на Радио Слободна Европа прекинале со емитување под закана дека ќе им биде одземена дозволата за работа.Две не-американски новински интеранет страни биле принудени да ги затворат затворат своите сајтовите. Фридом Хаус во соопштението наведе дека Киргистан постави стандарди за толеранција , слобода на изразување и демократија и треба да ги почитува тие стандарди.