Грците ќе бидат без струја два дена поради штрајк

Работниците во грчките електрани денеска почнаа дводневен штрајк против мерките за штедење на Владата. Синдикатот на работниците соопшти дека нема да работат седумте електрани и оти штрајкот нема за цел да ги погоди потрошувачите со недостатокот на струја туку Владата.