Атина нема да спроведе дополнителни рестриктивни мерки

Потпаролот на грчката Влада, Јоргос Петалотис ја отфрли можноста за нови рестриктивни мерки. Тој за еден грчки весник изјави дека веќе досегашните мерки се болни но неопходни. Атина бара од Брисел да дозволи Грција да земе кредит со услови што важат за другите евопски земји но како што пренесуваат новинските агенции, Атина до сега барала само политичка а не финансиска поддршка од европските партнери.