Кетрин Ештон: Република Српска е клучен проблем во БиХ

Политичката ситуација во Босна и Херцеговина е се полоша, мировниот договор од Дејтон се почесто се доведува во прашање, а Република Српска и понатаму е клучен проблем. Ова се главните оценки во редовниот тримесечен извештај на Еврокомесарот за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон. Шефот на европската дипломатија смета дека сепак, безбедносната ситуација е стабилна, изразувајќи верување дека таква ќе остане и покрај можното продолжување на политичките тензии и националистичката реторика. Ештон предупреди дека политичките лидери во РС „повремено“ го доведувале во прашање интегритетот на БиХ.