Експлозија во центарот на Белград

Пет возила се оштетени минатата ноќ во центарот на Белград, при експлозија на бомба поставена под автомобил марка „Мерцедес“.
Како што соопшти српската полиција, при тоа немало човечки жртви. Причините и мотивите за подметнувањато на бомбата засега не се познати.