Јосиповиќ: сите земји од Западен Балкан ќе станат членки на ЕУ

Претседателот на Хрватска Иво Јосиповиќ вчера, на крајот од посетата на Австрија, оцени дека сите држави од Западен Балкан ќе бидат членки на ЕУ. Се работи за поддршка на оние држави кои сеуште не се во директни преговори за членство, изјави Јосиповиќ, изразувајќи уверување дека Србија, БиХ, Црна Гора, Македонија и Косово ќе бидат еден ден членки на Унијата. Што се однесува до Хрватска, Јосиповиќ оцени дека преговорите би можеле да бидат заклучени до крајот на оваа година, а во членство би влегла во 2012 година.