Светска новинарска асоцијација бара Иран да престане со апсењето новинари

Светската Новинарска Асоцијација ја осуди пресудата на затворска казна за иранскиот новинар Емад Багхи. Во нивното соопштение стои дека Иран вака ги покажува репресивните мерки со кои ја замолчува критичката маса. Осудениот Багхи беше уапсен минатата година без да биде обвинет. Новинарската асоцијација тврди дека тој бил чуван во самица, без да му биде дозволено да контактира со адвокат. Здружението бара под итно да се ослободи Багхи заедно со останатите приведени новинари и да се стави крај на апсењето новинари во Иран.