Бергант: Македонија треба поактивно да лобира во Брисел

Македонија треба поактивно да лобира, да води конзистентна политика и да соработува со други држави. Ова денеска го изјави словенечкиот амбасадор во Македонија, Ален Бергант. Тој зборувајќи за искуството на неговата земја рече дека Македонија има една лоби група во Брисел, а Словенија кога ги водеше преговорите имаше 6 лоби групи. Бергрант додаде дека спорот со Грција е најголема пречка на Македонија за евроатланските интеграции и треба да се продолжи со дирекни средби и разговори. Тој потсети дека паралелно со преговорите со Грција, Македонија треба да работи и на отстранување на слабостите кои ги забележа Европската Унија.