Делегација на НАТО во посета на Македонија

Делегација на НАТО предводена од адмирал Марк Фитцџералд од утре ќе престојува на дводневна посета во Македонија. Според најавите адмиралот на НАТО треба да се сретне со премиерот Никола Груевски, министерот за одбрана Зоран Коњановски и началникот на Генералштабот на македонската армија, генерал – потполковник Мирослав Стојановки. На средбата планирано е да се разговара за придонесот на АРМ во мисијата ИСАФ во Авганистан како и за реформите во одбраната.