Продолжуваат тензиите во Тајланд


Десетици илјади анти-владини демонтранти протестираат во главниот град на Тајланд, Банкок, со барање за распуштање на Парламентот и закажување на нови избори. Премиерот Абисит Ваџаџива, кој има подршка од армијата, го отфрли таквото барање. Околу 50 илјади војници и полицајци се распоредени во Банкок бидејки опозицијата најавува продолжување на протестите.