Партијата на Саркози губи на регионалните избори

Конзервативците на францускиот премиер Николас Саркози се поразени во првиот круг од регионалните избори. Речиси целосните официјални резултати покажуваат дека кандидатите од левицата освоија повеќе од 53 отсто од гласовите на вчерашните избори. Од 40-те проценти гласови што ги освои десницата, 12 отсто отпаѓаат на ултрадесничарот Жан-Мари Ле Пен.
На избори излегле 47 отсто од регистрираните гласачи, што се опишува како рекордно ниско ниво на луѓе што гласале.
Вториот круг од изборите се одржува наредната недела.