Партијата на Путин води, иако со помалку гласови од претходните избори

Делумните резултати од руските регионални избори покажуваат дека владејачката партија Обединета Русија на премиерот Владимир Путин победува, иако со помалку гласови отколку на претходните избори. Се чини дека партијата на Путин изгуби барем едно големо место. Според првичните податоци, во сибирскиот град Иркутск води кандидатот на Комунистичката партија.
Партиите меѓусебно се обвинуваат за нерегуларности. Независните набљудувачи, исто така, посочуваат на бројни нарушувања на изборниот процес.
На изборите се гласаше за членови на осум регионални парламенти, петмина градоначалници и десетици градски совети.