Обесштетување за семејството на Кумариташвили

Организаторите на олимпијадата во Ванкувер соопштуваат дека на семејството на загинатиот грузиски санкач Нодар Кумариташвили ќе му биде исплатено осигурително обесштетување. Не се соопштува сумата.
Кумариташвили загина пред официјалното отворање на Олимпијадата на 12 февруари, кога на еден тренинг, неговата санка се преврте и тој излета од патеката.