Иранскиот верски лидер го осудува традиционалниот фестивал

Иранскиот верски лидер ајатолахот Али Хаменеи денеска го осуди фестивалот што традиционално се одржува во март за дочек на иранската Нова Година. Хаменеи истакнал дека настанот не е муслимански и треба да се избегне. Иранската полиција соопшти дека во изминативе неколку денови загинале 7 луѓе додека подготвувале пиротехника за претстојниот фестивал.