Снегот на Кораб им го отежнал патот на двајца емигранти

Македонската граничната полиција денеска спасила двајцата емигранти од Албанија кои заглавиле во падините на планината Кораб каде во моментов има над два метри снег. Во хеликоптерската потрага двајцата емигранти биле најдени премрзнати по што се пренесени во дебарската болница. Во текот на денот, се очекува нив да ги посети албанскиот амбасадор во Македонија, пренесува новинската агенција МИА.