Тадиќ:Сите проблеми на поранешна Југославија мора да се решат дипломатски

Во интерес на сите Европејци e државите од Западен Балкан да бидат вклучени во Европската унија.Ова го изјави српскиот претседател Борис Тадиќ во германскиот град Бохум. Тој додаде дека Србија е целосно определена за мир и стабилност во регионот и сите проблеми на подрачјето на поранешна Југославија мораат да бидат решени на мирен и демократски начин.