Унгарците барат автономија на областа Секуја во Романија

Унгарската граѓанска партија во Романија бара територијална автонимија на дел од трансилванската област каде што мнозинството од жителите се Унгарци. Претседателот на партијата, Сас Јено изјави дека досегашните облици на деценрализација не успеале и дека најдобро решение е територијална автономност на областа Секија. Тој побара во таа област официјален јазик да биде унгарскиот. Локалните власти ова барање решиле да го испратат до романскиот Парламент, Советот на Европа и Европската Унија, пренесуваат новинските агенции.